Гевгеличани пијат вода која е загадена со арсен кој е опасен по животот,пренесува Мкд.мк.

Овој проблем во Гевгелија е детектиран уште од  2006 година.Според последните наоди со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, водата е забранета и небезбедна за употреба.

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов признава дека водата е загадена и дека градот работи на овој проблем. 

- Веќе е изработен идеен проект за нови извори на безбедна вода за пиење од Серменинските води. Станува збор за вода што е 100 отсто безбедна за пиење и во која нема арсен. Проектот треба да биде завршен за два месеци и ќе чини околу 500.000 евра изјавил Франгов,пренесува Мкд.мк.

Панде Кацарски, поранешен претседавач на Советот на Гевгелија,ја има започнато иницијативата за да се реши проблемот.

- Нема каде не сум се обратил. Целта ми е единствено да го спасам здравјето на гевгеличани. Податоците се застрашувачки, секоја година варираат, но присуството на арсен во водата за пиење е постојано и се искачува дури и над 100 отсто од максимално дозволените 10 мерни единици. Реагирав до сите надлежни институции, но досега никој ништо не презел - вели Кацарски.

Според СЗО арсенот е еден од најсилните отрови кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно.

Image and video hosting by TinyPic