Ратко Младиќ пресудата ја слушаше во одвоена просторија преку ТВ, бидејќи претходно судијата го отстрани од судницата, откако Младиќ се побуни против одлуката на Судот да се одложи изрекувањето на пресудата, да се прочита само казната или да им се достави во писмена форма, поради влошената здравствена состојба и покачениот крвен притисок, што лекарите го квалификуваа како загрозен живот.

Ратко Младиќ е виновен за сите можни злосторства против човештвото и обичаите на војување. Не е виновен за геноцид, но за злосторничко здружување е виновен. Судот одлучи дека треба да добие доживотна казна затвор за: злочин против човештвото, убиство со кршење на закониоте на војување, депортација, тероризирање, противправно лишување од слобода на цивили, земање заложници и други точки од обвинението.