53 годишниот Б.З со пиштол решил да ја развесели свадабата во Тетово. Излегол на балконот од куќата и почнал да пука во воздух но немал многу среќа. Еден од куршумите го погодил во вратот неговиот пријател 25 годишниот Р.Б а друг пак го изгребал во пределот на раката 11 годишниот Д.Л.

Двете повредени лица се јавиле во хируршкото оделение на тетовската болница каде лекарите веднаш интервенирале и ги спасиле.

Домаќинот кој славел со пиштол е приведен а полицијата извршила увид во неговиот дом.