Загадувањето на воздухот во Скопје се чувствува уште од утринава.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажале најголема загаденост во Лисиче каде во 7 часот биле измерени 260 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Во Ректорат биле измерени 172 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Центар 120, додека во Карпош 194 микрограми.

Во Гази Баба мерната станица регистрирала 143 микрограми.

Битола, Велес, Кичево, Кочани се само дел од останатите градови низ Македонија каде водухот бил загаден многу над дозволеното.