Хашкиот трибунал денеска ќе му изрече пресуда на поранешниот воен командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ.

Младиќ кој е обвинет за геноцид во Сребреница, прогон на Муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина, терор врз населението на Сараево со долгогодишното гранатирање и земање припадници на УНПРОФОР за заложници, денеска ќе ја слушне предудата.

Судењето на Младиќ почна во мај 2012 година.

Во првото појавување Младиќ одби да се изјасни за вината, а судијата во записникот внесе дека обвинетиот не се чувствува виновен.