Генералот Ратко Младиќ денес ја очекува пресудата на Хашкиот Трибунал на кој се терети за геноцид во Сребреница и Сараево.

Неговиот син Дарко кој денес ќе присуствува на изрекување на пресудата, а за српски Курир открил како неговиот татко се чувствува во врска со обвиненијата.

„Дарко мирен сум и спокоен. Знаеш дека немам лична вина. Чесно и поштено ги извршував воените задачи и правев се за да го спасам народот. Цел живот работам за интересот на српскиот народ. Спијам мирно„ биле зборовите на Ратко, кој ги пренел неговиот син.

Дарко нагласил дека иако неговиот татко е болен сепак е мирен и со цврста воља за живот како и секогаш.

-Одбраната и семејството сметаат дека Ратко треба да биде ослободен. Не бегаме од тоа само обвинителството не успеа да го доведе генералот во дирекна врска со злочинот за кој го обвинуваат- рекол Дарко кој се надева дека неговиот татко ќе се извлече и дека неговото тело ќе го издржи овој стрес.