Вработените во редакцијата на весникот "Ден" вчера го информирале нивниот директор дека нема да работат бидејќи весникот им должи неколку плати.

Вработените во редакцијата на весникот "Ден" вчера го информирале нивниот директор дека нема да работат бидејќи весникот им должи неколку плати.

-Очекуваме денеска или утре да добиеме конечен одговор од директорот дали ќе ни бидат исплатени заостанатите плати, вели новинар од "Ден" за „Плусинфо“, кој денеска не излезе. 

На вработените, весникот им должи две плати, додека на хонорарците не им се исплатени три и пол хонорари, пишува Плусинфо.

Според информациите до кои стигнал порталот, и сопственикот на просторот во кој е редакцијата вчера побарал да му се исплатат  заостанатите кирии или редакцијата да ги напушти просториите.

Ова не е прв пат, весникот "Ден" да запре со печатење. Вработените и минатата година решија да не работат поради неисплатени плати, но, по две недели ги добија платите и се вратија на работа.

Весникот падна во криза минатото лето, кога тогашниот сопственик. Живко Серафимовски го продаде весникот и ја смени уредувачката постава. Тогаш, на чело на "Ден" застана Јован Јовчевски, кој ветуваше дека "Ден" ќе биде весник што ќе работи по европски стандарди.

ФОТО: Штета - никој не ја виде Сузе Спасовска во бикини

ФОТО: Влечките на Емирот од Катар наспроти кондурите на Претседателот Иванов

ВИДЕО: Порно сцена влета во вестите на ТВ Алфа

ВИДЕО: Без гаќички на интервју со Премиерот

Наместо амбасадор во Јапонија Чинговски стана професор во Штип

ФОТО: Ова е идниот сопруг на Андријана Будимир

Сакате да станете кум во Скопје? - еве како

Ајде да имаме секс - ова е новата Фејсбук апликација