Во експозитура на „Шпаркасе Банка“ во Кичево на булевар „Ослободување“ вчера била извршена кражба, соопштуваат од МВР.

-Непознат сторител со закана со пиштол од вработената одзел околу 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари, по што го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата и се мерки за пронаоѓање на сторителот.