Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Косово мора да продолжи со конструктивното ангажирање во односите со своите соседи и да работи на решавање на преостанатите прашања, посебно оние со Србија.

 Тоа ќе ја зајакне косовската независност, суверенитет и територијален интегритет, и ќе послужи да се промовира стабилност од која зависи иднината на регионот во евроатлантските интеграции, истакна Обама, кој е задоволен од досегашниот напредок на Косово.

- Претстои уште многу да се направи, сега кога косовските лидери презедоа целосна одговорност за да обезбеди реализација на сите начела во декларацијата за независност и устав за доброто на сите граѓани, додаде претседателот на САД.

Image and video hosting by TinyPic