Дави Морера (22) последниве неколку години ги минува во Бразил, а негова главна дестинација за уживање е познатата плажа Ипанема.

Тој го облекува својот костим на сирена и по цел ден се сонча на оваа плажа во Рио де Женеиро.

- Тоа е начинот на живот, така ја покажувам љубовта и почитта кон морето. Кога сум во вода се чувствувам како друга личнсот, вели Морера.

И додека некои се воодушевени, други остануваат зачудени кога ќе го видат. 

- Не се обидувам да побегнам од реалноста. Многу добро знам како да се носам. Ова ме прави среќен и никому не нанесувам зло, поралува Дави.