Фудбалерот на Реал Мадрид Иско можел сериозно да настрада сериозно по крајот на синоќешниот квалификациски натпревар меѓу Израел и Шпанија.

По означување на крајот шестмина навивачи успеаја да се пробијат покрај обезбедувањето и да втрчаат на теренот, а според тамошните медиуми едниот од нив носел нож.

Тој се стрча токму кон Иско, но во брзањето го испуштил ножот на земјата, а веднаш потоа стјуардите го уапсиле.